Струга во пресрет на локалните избори евидентно е зголемен бројот на полициски припадници , односно на специјални полициски единици кои патролираат во градот и околните села.
Во однос на состојбата реагираа граѓаните на Струга, кои ја изразуваат својата загриженост во врска со овие случувања. Поради зголеменото присуство на полициските сили во Струга постојано реагираат од страна на Демократската партија на албанците т.е. кандидат за општина Струга д-р Зиадин Села.
Фотографија на која се гледаат припадници на полицијата е објавена на фан профилот на социјалната мрежа Фејсбук на кандидатот на ДПА, Зијадин Села, кој пред неколку дена на прес конференција побара засилено меѓународно присуство во Струга. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочовски очекува мирни избори и одлична атмосфера за време на изборите.
И двајцата кандидати вчера имаа средба со амбасадорот на Албанија во Скопје, Чејку. Втората фотографија беше објавена исто така на фан страната на Села.
Мики Трајковски