Спасовски: Полициски час ќе има ако има потреба, не може да се изнајмуваат вили во Соње за да се прават журки

Од:

Дали ќе биде воведен полициски час зависи од тоа колку се почитуваат препораките од Владата, рече денес техничкиот премиер Оливер Спасовски. На новинарско прашање што за граѓаните ќе значи воведувањето вонредна состојба во државата тој објасни дека е можно зајакнување на мерките во зависност од состојбата со коронавирусот.

„Што ќе се случува во вонредната состојба зависи од поведението на граѓаните, од сите нас и од тоа колку ги почитуваме препораките на Владата. Ќе зависи и од состојбата со ширењето на коронавирусот во државата. Однапред не е дефинирано – сега ќе имаме полициски час. Повикувам сите да бидеме на висина на сопствената одговорност“, рече премиерот Спасовски.

Тој нагласи дека Владата и досега презела низа мерки и ограничувања за кои вели дека даваат позитивни резултати и најави дека дополнително ќе информираат за секоја мерка во моментот кога ќе биде одлучено за нејзино донесување. Мерки ќе се зајакнуваат во зависност од тоа колку се почитуваат мерките што се веќе на сила.

„Не се сите свесни што може да прават. Да изнајмуваат вили во Сопиште и Соње и таму да прват журки, тоа не може да биде дозволено во иднина. Нема собири, тоа е загрозување на здравствениот систем. Треба сите да се ставиме во поинаков режим на функционирање“, рече премиерот Спасовски.

Вонредната состојба Спасовски смета дека ќе го олесни на Владата носењето одлуки оти сите уредби кои стапуваат на сила се носат на седница на Влада.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски