Палестинскиот претседател Махмуд Абас привремено ќе ги стопира сите еднострани иницијативи за признавање на палестинската држава со цел да им се даде шанса на напорите на САД да посредуваат во мировниот процес со Израел.
– Абас и палестинското раководство одлучија да дадат шанса на напорите на американскиот државен секретар Џон Кери, изјави неименуван палестински официјален претставник.
Во рок од два месеца Абас и Организацијата за ослободување на Палестина ќе ги стопираат сите молби за членство во меѓународните организации, вклучително и Меѓународниот кривичен суд и Меѓунарониот суд на Обединетите нации.
Израелско-палестинските мировни преговори се блокирани од септември 2010 година.