Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев соопшти дека училиштата под негова надлежност започнатале со е-настава преку апликацијата „Гугл драјв“. Во изминативе денови била спроведена обука во 10 училишта и од вчера наставата е започната за учениците од 9. одделение. Богоев потенцираше дека во добра состојба се и децата кои се во самоизолација.
„Овој тип на настава имаме за цел да се надомести изгубеното од наставата. Имав средби со Министерство за образование и Бирото за образование кои дадоа согласност за овој вид настава. Ги повикувам родителите да ги охрабрат учениците да се влчучат и да учат по електронски пат. Ова не е распуст, затоа треба да бидеме одговорни, да ги почитуваме препораките да останеме дома, но не и да бидеме надвор од образовниот процес. Имаме алтернативен начин и можеме да го искористиме“, рече Богоев.
Тој потенцираше дека е задоволен бидејќи има согласност да се почне кон реализирање на овој начин на едуцирање.
„Нема причина зошто некој од наставниците не би прифитил ваков начин на настава. Нема никаков контакт, се оди електронски. Како што почна вчера, под притисок на родителите ќе се вклучат и други наставници кога ќе слушнат за бенефитот од електронската настава. Сепак ќе кажам ова е неформална настава, но ова е можност овој период, на креативен начин да го поминеме овој период“, додаде Богоев.
Градоначалникот кажа дека 7 деца кои се во самоизолација се во стабилна состојба и дека нема информации дека некое од нив има симтоми на коронавирусот.
„Во однос на 7 децата кои се во самоизолација тие се стабилни, немам информација дека некој од нив развил симптоми, периодот од 14 дена истекува наскоро, се надевам се ќе биде во најдобар ред“, рече Богоев.