Музичката група од девет членови ја помина првата вечер во групниот карантин во Пепелиште на Криволак. За „А1он“ велат дека таму се сами заедно со Армијата и полицијата кои чуваат стража. Запрашани дали освен нив, во текот на ноќта или утрото биле донесени нови лица, тие испратија видео-материјал снимен надвор и во другите објекти за сместување. Сите соби кои се снимени, се празни. Еден од членовите на групата сместени на Криволак вели: “Нас не искористија за да кажат дека карантинот е отворен“.
„Еве луѓе, видете, од тие 200 души што велеа дека се тука, нема никој. Ова е камп кој се наоѓа позади – нема никој. Тука не седи никој, се тоа е лага. Само нас не ставија тука. Нема никој, штама е. Црвена зона ни ставија за не излеземе од тука. Нема никој“, коментираат членовите на групата.
Тие и натаму се жалат на ниското ниво на хигиена во кампот. Според нив, нема услови за да се остане во групиниот карантин и бараат да седат дома во самоизолација. Тие сметаат дека е така посигирно, бидејќи во спротивно, од здрави ќе бидат болни. Од пристигнувањето вчеравечер, до сега, тие барале да се истушираат, но велат „Ништо, капка вода нема“.
„Ова е се скапано внатре, овде ли ќе ги носат луѓето? Не се сменети ни чаршафи, ништо“, велат тие во видеото“, се жалат тие.
Од Министерството за внатрени работи и Министерството за здравство до моментот на објавување нема одговор колку лица се пропуштени низ премиот Деве Баир и дали освен музичката група од 9 членови има и други лица кои се сместени во групниот карантин.
Министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес-конференција посочи дека 200 лица кои беа заглавени на граница, а кои доаѓаат во Македонија, тие ќе бидат во групен карантин во касарна на Криволак и требаа да пристигнат во текот на вчерашнот ден.
Сместените музичари на Криволак велат дека имало и други лица кои влегувале низ државната граница, во моментот кога и тие дошле, но биле пуштени да си заминат без проблем.