Коронавирусот е потврден уште кај 11 лица во Србија, со што вкупниот број на заразени е 83, се најновите податоци на српското министерство за здравство.
– Од последниот извештај на 17-ти март, во 18 часот, до осум часот утринава се тестирани примероци на 47 лица, од кои 11 се позитивни, а 36 се негативни на коронавирусот. Во домашна изолација се наоѓаат четири лица со полесна клиничка слика, а седум се задржани на болничко лечење, без компликации, со стабилна општа состојба, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
До денеска во Србија се тестирани вкупно 421 лице.
Првиот случај беше потврден на 6-ти март.