Обединетите нации соопштија дека се подготвени да и пружат хуманитарна помош на Аргентина, каде 54 човек загинаа во поплавите.
– ОН се подготвени да пружат помош за надминување на хуманитарните последици од природната катастрофа и да мобилизираат неопходна меѓународна поддршка, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Мартин Незирки.
Тој изрази и сочувство до народот и Владата на Аргантина, како и до семејставата на жртвите од поплавите.
Обилните дождови од почетокот на неделата предизвика нивото на водата во Буенос Аирес и во Ла Плата да достигне до два метра. Во главниот град на Аргентина загинаа осум луѓе, додека во соседниот град Ла плата – 46.