Доктори од Дебар чија ординација е во болницата имаат коронавирус

Од:

Докторот Арбен Аголи кој е педијатар од Дебар на социјалните мрежи објави дека персоналот во неговата амбуланта има позитивен резултат по извршено тестирање за коронавирусот. Тој пишува дека ќе се затвори неговата амбуланта во следните две недели.

„Бидејќи персоналот е позитивен на коронавирусот, од утре амбулантата е под карантин две недели“, пиша Аголи на социјалните мрежи.

Докторот има ординација која е под концесија, во зградата каде што се наоѓа и дебарската болница, во која пак, се лекуваат пациенти заразени од коронавирусот.

Докторот Аголи и неговиот персонал, преку социјалните мрежи во изминатиот период постојано упатува апели да се седи дома со цел превенција од вирусот.

„Ние сме на работа, вие седете дома“, пишува на транспарентот пред докторите.

Тој упатуваше и апели до дебарчани да не се фрлаат ракавиците и маските на земја.

„Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде, фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата, благодарам“, објавуви Аголи.

Се чекаат резултати за шест тестирани граѓани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски