А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Државниот санитарен и здравствен инспекторат затекнал 18 автобуси кои не биле дезинфицирани согласно препораките

by Кристијан Ландов17/03/2020 - 15:38273
Share0

Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филипоска-Грашкоска, на прес-конференција информираше дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил контрола кај 82 фирми. Кај 18 имало забелешки, а 18 превозници не вршеле дезинфекција на возилата.

Добивај вести на вибер

„Во време кога нашата земја се соочува со една од поголемите здравствени кризи, би сакала искрено да се забагодарам на сите граѓани кои ги почитуваат мерките, со цел да се спречи и намали коронавирусот. Треба да ни биде јасно дека секој има клучна улога во оваа битка Во изминатите два дена, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, спроведе контрола кај 47 субјекти од кои 29 беа без наод и 18 со забелешки. Дополнително, извршена е контрола кај 35 деловни субјекти кои вршат јавен превоз, а 18 од нив немале уреден статус и се задолжени за спрведување на мерките, односно дезинфекција и слично. Понатаму, проверени се дополнително 27 објекти, а кои се игротеки, фитнес сали, базени и слично. Сите ја почитувале забраната за работење и се затекнати затворени“, рече Магдалена Филипоска-Грашкоска.

Државниот станитарен и здравствен инспекторат даде и доиполнителни предлози за воведување на мерки за коронавирусот.

„ДСЗИ дава предлози за дополнителни мерки, а тоа се следните: На Меѓународниот аеродром Скопје, да се воведе задолжителна дезинфекција на авионите кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик, а во средствата за превоз како комбињата да има постери со препораки од Институтот за јавно здравје, дезинфекција на јавниот превоз, задолжително проветрување“, додаде Филиповска-Грашковска.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен