Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба посочи дека пред остнатите претседатели на партии и претседатело на државата Стево Пендаровски кажал дека има потреба од воведување на ворнедна состојба, со цел, поефикасно справување со коронавирусот, согласно моменталната состојба.
„На оваа средба ја отворив и потребата од воведување на вонредна состојба. Имајќи ја во предвид ситуацијата, воведување на вонредна состојба е неопходно за да може уште побрзо и поефикасно да се донесат мерки особено за здравствената состојба на граѓаните, но и за економските мерки за помош кон стопанството и граѓаните“, кажа Заев.
Тој рече дека се подготвуваат сет на мерки кои ќе треба да ги санираат економските последици кои ќе ги донесе состојбара со коронавирусот.
„Согласно анализите и проекциите за економските последици, сакам да најавам дека подготвуваме сет на економски мерки за стопанството, фирмите и граѓаните, за помош на најпогодените. Сите мора да се однесуваме солидарно, маката да ја споделиме заедно, за да бидеме посилни“, рече Заев.
Според него, треба да се сфати дека станува збор за сериозна здравствена криза.
„Мислам дека на сите ни стана јасно колку е сериозна оваа здравствена криза, предизвикана од коронавирусот. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик, како во минатото“, рече Заев.
Заев смета дека состојбата е променета после состанокот на Советот за безбедност, односно од коронавирусот е зафатено Скопје кое може да биде главно жариште. Тој кажа дека подобро е вонредна состојба, отколку кризна, бидејќи според него, клучно е да се ограничи дивжењето на граѓаните, да се спроведува заодлжителна самоизолација, мерки кои не можат да се спроведат со воведување кризна состојба.
„После Советот за безбедност се јавија нови седум случаи. Главниот град е зафатен. Сите знаеме дека е потенцијално жариште може да биде главниот град, како што сега е Дебар. Прогласувањето на кризна состојба значи цела територија на Репбулика Македонија да стане Дебар. Значи, тоа е кризна состојба. При вакви импликации, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита за спасување, секако нема да ги даде очекуваните аспекти од безбедносен и здравствен аспект за справување со здравствената состојба на граѓаните, а тоа значи откривање, пуштање во самоизолација и третман, односно лечење на сите заразени. Вториот дел се економските аспекти. Треба да знаете дека во Уставот, јасно се дефинирани слободите и правата на граѓаните Во случај вонредна состојба, тие може да бидат ограничени. Може да се спроведе наредба да седите дома 14 дена во изолација, наредба да не смеете да се движите, и тн“, рече Заев.