СДСМ: Стратешката цел е остварена, испишавме историја, Република Северна Македонија е 30 членка на НАТО!

Од:

„Во време кога се бориме со заканата од корона вирусот, добри вести пристигнаа за нашата држава и нејзината сигурна иднина.

Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со тоа остварена е и последната ратификација на Протоколот. Северна Македонија и официјално станува членка на најголемиот воено безбедносен сојуз, реализирана е тридецениската заложба на генерации наши граѓани.

Политиките на Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ во изминатите две и пол години допринесоа за остварување на стратешката цел-членството во НАТО“, велат од СДСМ.

„За само две и пол години остварена е една од двете највисоки цели во надворешната политика. Стратешката цел е остварена, испишавме историја!

Членството во НАТО значи трајна сигурност на границите, безбедност и стабилност на државата, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.

Членството во НАТО е мотив плус, да продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – членството во ЕУ.

Им благодариме на сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот и благодариме и на Шпанија за ратификацијата во невообичаени околности додека и таа како држава но и цела Европа се справуваат со коронавирусот.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ и над сè, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов