(ФОТО) Наумовски: Никој од вработените нема да биде избркан

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од „Созјуот за иднината“, Александар Наумоски, пред 500 жители на мини митинг во Даме Груев вети дека ќе ја децентрализира општината.

„Откога ќе ја преземам општината месните заедници ќе бидат истурени одделенија на општината. Ќе вработам млади правници кои ќе ви делат бесплатни совети за полесна и побрза легализација на дивоградбите. Токму тука вие ќе можете да ги доставувате вашите документи, но и од тука да ги подигнувате. Со тоа нема да има потреба повеќе вие да одите во општината, туку таа ќе дојде кај вас“, рече Наумоски во говорот.

naumovski, gjorce (1)

Тој дополни дека откога тој ќе ја преземе општината, континуирано ќе асфалтира улици, а не само во време на предизборна кампања. Наумоски додаде и дека никој од вработените нема да биде избркан, а ќе се отворат и стотици нови работни места.

Пред присутните се обрати и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој ги повика граѓаните масовно да излезат и да го поддржат Александар Наумоски.

naumovski, gjorce (3)

Ангелов подвлече и дека Сокол Митровски, иако е генерал со раководна функција за време на конфликтот во 2001 година, сепак гласал на состанокот на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за Талат Џафери да биде министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“