Министерството за здравство преку писмено соопштение информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица.
„Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна“, соопштуваат од МЗ.
Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.