Тодоров: Подготвени сме да одговориме на сите предизвици независно од бројот на пациентите

Од:

Подготвени сме да одговориме на сите предизвици независно од бројот на пациентите, а за нивно подобро лекување ги преземаме сите мерки, како во поглед на реновирањето на објектите, така и со нови медицински апарати, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на Здравствениот дом во Ресен.

Тој посочи дека домаќинското работење на директорот на Здравствениот дом во Ресен, Трaјче Ничевски треба да биде пример како треба да се работи со цел пациентите да добиваат што подобра услуга. Во Ресен, истакна министерот, во овој период има околу 16.000 пациенти, а нивниот број за време на летниот период драстично се зголемува.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓоко Стрезовски посочи дека заедно со Владата, Министерството за здравство и директорот на Здравствениот дом ќе направат се Ресен да биде препознатлив не само по функционалноста на објектите, туку и по давањето превентивна заштита на пациентите.

Министерот Тодоров се сретна со вработените во Здравствениот дом, ги согледа можностите за работа, а го посети и пункот во центарот на градот каде се вршеа бесплатни прегледи.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството