Над 2.000 заразени и 100 починати од коронавирусот за еден ден во Шпанија

Од:

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Шпанија за еден ден се зголеми за 2.000 лица, а во последните 24 часа починаа околу 100 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Досега билансот изнесува 7.753 заболени и вкупно 291 смртен случај. Најголем број од заразените се регистрирани во околината на Мадрид.

Шпанската Влада денеска донесе одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела земја во период од 15 дена, со можност за продолжување.

Воведените мерки ќе гарантираат снабдување со храна и санитарни производи и ќе овозможат индивидуално движење само во неопходни случаи, како на пример набавка на храна или лекови, посета на болница или банкарски институции, помош на лица кои имаат потреба и одење на работа.

Патничкиот превоз (јавен или приватен) ќе се намали за најмалку половина, со исклучок на железничкиот сообраќај, кој ќе продолжи да работи. Спроведувањето на мерките ќе биде загарантирано од државните органи и единиците, како и од локалната полиција и полицијата на автономните региони, кои директно ќе поднесат извештај до Министерството за внатрешни работи. Можно е да биде побарана и поддршка од војската.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата