Приоритет во работата на обвинителството ќе бидат пријавите поврзани со коронавирусот

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски донел задолжително упатство за постапување на јавните обвинителства, а во врска со новоностанатата состојба со коронавирсуот во земјава.

Приоритет во работењето, како што стои во соопштението, ќе бидат кривичните пријави кои се однесуваат на следните кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ, Организирање на отпор по член 387 од КЗ, кривични пријави од надлежни институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од други надлежни институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот COVID-19.

Јавниот обвинител на Јавното обвинителство утврдува кои конкретни работи и задачи (проучување на предмети, изготвување одлуки или други административни работи) можат да се извршуваат надвор од службените простории на обвинителство и одобрува работите да се извршат од дома.

„Во Јавното обвинителство се води евиденција за одобренијата и дејствијата за вршење на задачите од дома. Извршувањето на работите од дома се засметува како време поминато на работа. Јавниот обвинител или административниот службеник при извршувањето на работите од дома, должен е цело време да биде достапен и на повик од Јавното обвинителство да се врати во службените простории. Непочитувањето на правилата за извршување на работа од дома, повлекува дисциплинска одговорност“, се вели во соопштението.

Таму стои и дека пред влегувањето на странките и другите учесници во постапката во објектите на Јавните обвинителства, задолжително се применуваат мерките за дезинфекција и здравствена заштита. Во просториите во кои се преземаат дејствијата, задолжително мора да се постапи согласно препораките за здравствена заштита и да се обезбеди неопходната физичка оддалеченост на присутните учесници.

„За закажаните судења и судските рочишта, јавните обвинители да постапуваат согласно упатствата и насоките на Судскиот совет и претседателите на судовите“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Обвинителството отвори истрага за шесткатницата дивоградба во Чаир

Катерина Ѓуровски

Крадел од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба, од ПМФ и од Шумарски факултет, Обвинителството бара притвор

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

Обвинителството бара притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија

Обвиненија за пожарот во „Пулс“ до средината од јуни, испрашани се над 300 сведоци

Давале несоодветна или терапија од која пациентите немале корист, обвинети Нино Васев и уште тројца лекари во случајот „Онкологија“

Катерина Ѓуровски