Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за корупција е одложен денеска за два месеца, до мај, поради епидемијата на коронавирусот.
Израелското Министерство за правда соопшти дека судењето требало да започне на 17 март со читање на обвинението против Нетанјаху, но дека тоа било одложено за 24 мај.
Нетанјаху ги негираше обвинувањата за корупција.