Белградски „Вечерње новисти“ објави детали од преговарачкиот дебакл во Брисел

Од:

Последната рунда преговори за Косово во Брисел меѓу Приштина и Белград, со сите „мачни“ детали за денешни „Вечерње новисти“ ги опишуваат членовите на српскиот преговарачки тим.Тие, како што наведува весникот, биле целосно шокирани бидејќи ситуацијата од час во час се влошувала, а требало да биде спротивното.

Членовите на преговарачкиот тим пренесуваат дека Тачи од почетокот тврдо го бранел ставот дека Заедницата на српски општини не може да добие никакви извршни овластувања.

Секој српски предлог веднаш беше отфрлуван. Се трошеа нерви и минути во тоа натегање, за Алексанадр Вучиќ во еден момент јасно да му каже на Тачи, кој исклучиво инсистираше на уставната организација на Косово-„ овде ни зборувате за почитување на некакви ваши уставни окрузи, а не можете ниту да зачекорите на северот на Косово“.

Потоа, по првата пауза, високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, ги информира нашите преговарачи дека Приштина се„ согласила на голема отстапка“, а таа „отстапка“ на Тачи уште повеќе го зголеми амбисот меѓу двете страни.

– Сакаа на нашиот северен регион да му ги приклучат Митровица, Вучитрн и Србица. Со тоа етничката структура на северот  ќе се свртеше во корист на Албанците и односот ќе беше 65 наспроти 35 отсто, пренесува весникот.

По следната пауза Тачи повторно понудил нова „отстапка“.

-Подготвени сме да разговараме за демилитаризација на таа ваша Заедница на српски општини, но само ако за тоа добиеме дозвола од НАТО, со цинизам настапил шефот на приштинскиот преговарачки тим.

Врв на гротескните преговори се случил кога Ештон предложила да се прифати спогодбата што на српскиот тим му била само прочитана, а зад која фактички произлегувало укинување на сите српски институции на северот. Надлежностите во полицијата и правосудството на кои инсистирал српскиот преговарачки тим , речиси и да не биле споменати. Европа ништо не понудила, наведува весникот.

Соочен со овој „ дарежлив пакет“, Вичиќ во неверување Ештон и Тачи ги запрашал-„ Дали Вие се шегувате со нас?“.

На овој начин, од плоштадот „Шуман“ во седиштето на европската дипломатија, преговорите меѓу Белград и Приштина се најдоа на работ на целосен дебакл, открива денешен „Вечерње новисти“.

Премиерот Ивица Дачиќ изјави дека вторник е „денот Д“ за Србија и дека до тогаш српската страна мора да се изјасни дали го прифаќа тоа што во Брисел и било предложено.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски