Полицијата вечерва и во следниот период засилено ќе врши легитимирање на сите што ќе ги затекне на улците на струшките села Лабуништа, Подгрци, Боровец, Октиси и Јабланица поради евидентно непочитување на мерката за самоизолација.
Месната заедница на струшките села одржала состанок со претставници на ОВР Струга поради добиените сознанија. Тие се сомневаат дека лица кои дошле од високоризичните земји, не се самоизолирале, како што препорача Владата.
„Одржанот состанок се донесоа следните заклучоци: Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица. При доплнителни проверки доколку се констатира дека се легитмириани лица кои дошле од високоризичните земји каде се шири коронавирусот и не се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови односно се затекнати како се движат низ с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица наведените лица може да одговараат кривично по член 205 и 206 од кривичниот закон на РСМ односно може да се соочат со затворска казна до една година“, известија од месната заедница.
Полициските службеници ќе вршат проверки во домовите на лица за кои ќе добијат сомневање дека дошле од високо ризичните земји, известија од месната заедница, кои велат дека ова е со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.