СДСМ го покажа анкетниот лист, со денешен датум, на кандидатот за Градоначалник Владимир Талески изваден од Државната комисија за спречување корупција.
Според документот Талески има два станови и едно моторно возило.
Документите до кои дојде опозицијата а кои се извадени од Агенцијата за катастар на недвижности, наведуваат на некоја друга имотна состојба на Талески.
Прашуваат дали Талески и неговата сопруга поседуваат:
Стан на ул. Бонде Скерлевски бр. 4/4 кат 1, имотен лист број 19674
Стан на ул. Б. Скерлевски бр. 4/4 на приземје, имотен лист број 92380
Стан на ул. 13-ти Јули кат 1 стан бр.9 на име на неговата сопруга со имотен лист број 91556.
Стан на ул. 13-ти Јули кат 1 стан бр.8, имотен лист број 91552
Стан на ул. Борис Бастерот кат 1 стан бр.3, имотен лист број 40512.
„Сојузот за иднината веќе достави претставка со брза пошта до Антикорупциска комисија со цел да ја испита имотната состојба на Талески и да го утврди потеклото на имот согласно член 36 од Законот за спречување на корупција.До колку се констатираат неправилности ќе се овозможи поведување на две постапки против Талески што произлегуваат од цитираниот Закон и тоа: прекршочна постапка и барање до УЈП за испитување на имотот и имотната состојба на Талески.Исто така се создаваат основани сомневања дека има елементи од кривичното дело: противправно стекнување и прикривање имот од членот 359-а од Кривичниот законик на РМ“, рече Горан Милевски.
Очекуваат Антикорупциска комисија со истата ургентност уште утре да закаже седница на која ќе ја утврди одговорноста на Талески по истиот принцип со кој вчера реагираа за нашиот кандидат Андреј Жерновски.
Кога Антикорупциска комисија ќе ја прифати нашата претставка, очекуваат Талески доблесно да се повлече од изборната трка на 7-ми април, и да им се извини на битолчани за изгубените 8 години со него.