Исламската заедница на Косово ги суспендира молитвите во џамиите

Од:

Исламската заедница на Косово (БИК) објави денеска дека, поради опасноста од ширење на коронавирусот, времено се суспендираат дневните молитвени собири со ритуали на клањање и другите верски обреди во џамиите низ земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението што во попладнево го објави БИК, се вели дека “верска обврска е стриктното почитувањето на сите одлуки, мерки и препораки произлезени од надлежните институции на Република Косово во спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19“.

БИК им препорачува на муслиманите верските обреди да ги вршат во своите домови, без да се мешаат во групи со други верници.

– Се одлага наставниот процес во сите наши образовно-верски институции, верската настава во сите џамии  и медреси, како и работата во сите ученички домови на Исламската заедница на Косово. (…) Се наложува дезинфекција на сите образовни објекти, на административните објекти на ИЗК, како и на верските објекти.  Привремено се одлага организирањето на предавања, трибини, семинари и разни средби со верниците, се вели, меѓу другото во објавата на БИК.

Организацијата на косовските муслимански верници исто така препорачува да се откажуваат традиционалните изразувања на сочувство во смртни случаи, верските и семејни церемонии, како што се сунетот, мевљудите, венчавките и свадбите, како и погребните церемонии да се организираат во што потесен круг на членовите на семејствата.

Исламската заедница ги охрабрува верниците да водат повеќе сметка за хигиената, почитувајќи ги верските принципи и препораките на надлежните институции и ги потсетува дека „ширењето дезинформации, кои предизвикуваат вознемиреност и непотрбна паника кај граѓаните, како и кревањето на цените на прехрамбените намирници и на лековите во кризни времиња, се забранети од верата“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина