(ВИДЕО) Жерновски: Груевски е мојот противник во вториот круг и нарачателот на линчот

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, пресконференцијата ја одржа пред Владата на Република Македонија, каде што нагласи дека во Република Македонија, денеска не смее да се биде кандидат на опозицијата затоа што Владата ќе ви измисли лаги или ќе ве оцрни.

„Ако ја победите Владата во првиот круг, ќе ви направи фалисификат и линч. Живееме во држава во која Антикорупциска е продолжена рака на владата“, рече Жерновски.

Антикорупциска, која ништо не работи, а треба да го гони криминалот на власта, рече Жерновски, експресно заседаваше. Ќе ми утврдат дека имам 10 куќи и 10 стана.

„На крај ќе излезе дека и „Зебра“ не е на Тодоровиќ, туку моја. Во овој втор круг мој противкандидат не е Тодоровиќ. Него го победивме во прв круг. Политички противник ми се Владата и Никола Груевски. Тој е шеф на штабот на Тодоровиќ. Тој е наредбодавач на линчот“, рече Андреј Жерновски.


Праша до каде ќе оди валкањето.

„Дали тој кој си купи 4 стана, во 2001. година кога Македонија крвареше, ми наоѓа црна петна за некакви станови. Се работи за страв. Тоа е стравот од ревизија за „Скопје 2014“. Од понеделник ќе почне да се одмотува клопчето како се трошеле народните пари“, рече Жерновски.

Во вториот круг, рече кандидатот за градоначалник на Центар,  уште помасовно ќе ја потврдиме победата.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“