По одлуката да се забрани влез на странци од земји со висок ризик за коронавирусот, премиерот Оливер Спасовеки објасни дека забраната не се однесува на нашите државјани кои се во странство. По информациите дека македоснки граѓани се заглавени на аеродроми и во земји со висок ризик, премиерот Спасовски вели дека патниците пред се мора да ги почитуваат мерките што ги преземаат државите во кои што се затекнале, но доколку успеат да се вратат дома, за нив границите се отворени.
„Ние носиме одлука и нашата одлука се однесува за странците од високо ризични земји. Нашитте државјани може да се вратат, од каде и да доаѓаат но треба да бидат во излоација 14 дена“, рече премиерот Спасовски. Имаме граѓани кои биле таму и ние не ги почитуваме мерките за да не се вратат дома, тие сега се преуштени на државата во која што се. Ќе следиме се, но дека сега можеме самостојно да заминат не можат, нема летови“, рече Спасовски.
Забраната за влез на патници од ризични земји Владата ја усвои на вчерашната седница. Се однесува на странски државјани од земјите со висок ризик, согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство, освен оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин. Истовремено забранет е организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високоризичните земји согласно Листата на Светската здравствена организација, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.