Дури и ако сезоната на Англија не заврши, Ливерпул ќе биде шампион

Од:

Ливерпул ќе биде признат за шампион на Англија, дури и ако сезоната во Премиер Лигата не заврши, поради епидемијата на коронавирус која се шири скоро во целиот свет. Англиски „Телеграф“ тврди дека тимот од Мерсисајд сигурно ќе се радува на титулата, без оглед дали ќе се играат останатите натпревари или не.

Неодамна, весникот откри дека, во пракса, регулативата во Премиер лигата не прецизира како да се продолжи во вакви околности. Менаџер во еден од клубовите изјави дека не секој се согласува со идејата Ливерпул да ја освои титулата, доколку сезоната не заврши.

Вчера беше официјално одлучено да не се играат натпревари во професионалните лиги во Англија до 4 април. Во моментов Ливерпул е со 25 бода предност од вториот Манчестер Сити и потребни се само две победи во преостанатите 9 кола за да ја освојат својата 19-та титула и прва по 30-годишна пауза.

Клубовите од Премиер лигата немаат идеја дали сезоната ќе се обнови на почетокот на април. Повеќето од нив инсистираат на првенството да се заврши, но има и такви кои сакаат сезоната да биде откажана. За нулта сезона се Тотенхем и Вест Хем, пишуваат на Островот.

Исто така, постои опција каде нема да има испаѓање и следната сезона ќе започне со 22 екипи – 20-те сегашни плус Лидс и Вест Бром, кои се убедливи лидери во Чемпионшип.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд