Кошаркарската лига на Литванија (ЛКЛ) одлучи да ја прекине сезоната и за нов првак на земјата е прогласен тимот на Жалгирис, кој моментно е лидер на табелата.
– Очекуваме целосно разбирање и поддршка од навивачите, спортската заедница и нашите партнери. Оваа одлука ќе има долгорочни последици по клубовите и лигата, но здравјето и животите се главни вредности, па моравме да донесеме одлука која е најбезбедна за кошаркарите и за општеството, се наведува во соопштението на ЛКЛ.
Жалгирис до моментот на прекин на шампионатот беше убедлив лидер со 22 победи и само два пораза.