ВИДЕО: Трајановски и Коневски го промовираа проектот за продолжување на булевар „АСНОМ“

Од:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски денеска го презентираа проектот за продолжување на булеварот „АСНОМ”.

Станува збор за проект кој е витален за овој дел од општината Аеродром и подобрување на сообраќајот кон населеното место Горно Лисиче.

– Продолжувањето на булеварот АСНОМ е проект кој ќе се реализира во неколку фази. Во првата фаза ќе се продолжи овој булевар на потег од „Февруарски поход” до „Тодор Чангов” бидејќи тука се расчистени имотно правните односи. Втората фаза ќе зависи од разрешувањето на имотно правните односи, каде има одреден број на куќи кои се наоѓаат на трасата на овој булевар. Овој булевар е многу важен со оглед на тоа што веќе е готова новата населба и каде веќе се населуваат жители, со што со неговата реализација ќе им се олесни пристапот до нивните домови, изјави Трајановски.

Потенцира дека за реализацијата на овој проект неопходна е и поддршката и соработката со општина Аеродром и градоначалникот Ивица Коневски, пред се во процесот на разрешувањето на имотно-правните односи, издавањето на техничка документација и останати согласности.

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски рече дека ова е проект кој е од голема корист за жителите на Горно Лисиче и дека и понатаму ќе продолжи одличната соработка со градот Скопје.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226