Истрага за разбојничка кражба во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на село Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојничка кражба, информираат од Јавното обвинителство.

-Осомничениот на 18 февруари, околу 10:00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно со опасно урудие ќе нападне врз друго лице со намера украдениот предмет да го задржи. Имено, тој отворил незаклучена предна врата на паркирано возило марка „ форд транзит“ и одзел 1500,00 денари кои се наоѓале внатре во возилото. Но, бил затекнат од оштетениот кој се наоѓал на задните седишта во патничкото возило, велат од Јавното обвинителство.

Дополнително, од ЈОРСМ информираат дека откако оштетениот излегол од возилото, побарал од осомничениот да му ги врати парите. Во тој момент, според описот на обвинетелството осомничениот со цел да ги задржи парите, извадил нож и се заканил на оштетениот, по што побегнал со велосипед од местото на настанот.

Поради потреба од обезбедување на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, како и обезбедување на присуство на осомничениот, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Уапсен е македонски државјанин во Србија – ограби пет обложувалници и пошта

А1он

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра