(ВИДЕО) Николовски: Доставивме листи за пратеници со 120 одговорни и угледни граѓани

Од:

„Коалицијата „Можеме“ ги достави кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. 120 имиња на одговорни и угледни граѓани кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се спремни да се вклучат во процесот на позитивните промени, граѓани спремни да работат за доброто на граѓаните и државата. Во изборната единица 1 за правда, ред и дисциплина, за животна средина ќе работат пратениците предводени од носителот Никола Димитров и носителката Мила Царовска. Тука се и искусни политичари, но и нови пратеници и нови кандидати, Дамјан Манчевски, Мирослав Богдановски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Диме Велковски. Во втората изборна единица, повисоки плати, грижа за сите и инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат носителите Оливер Спасовски и Сања Лукаревска придржувани од исто така квалитетни и препознаени личности како Славјанка Петровска, Мухамед Зеќири, Санела Шкријељ“, рече на прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Инвестиции во земјоделството, во инфраструктурата и повисоки плати, односно повеќе пари назад кај граѓаните обезбедуваат кандидатите за пратеници во третата изборна единица, предводени од мене лично, Љупчо Николовски и носителката Јагода Шахпаска на листа придружувани од Маја Морачанин, докторите Сашо Николов и Ненад Коциќ, од Љупчо Балкоски и многу други нови имиња. Во изборната единица 4 влегуваме со силни инвестиции во инфраструктурата, со уште посилна поддршка на земјоделците и уште повеќе можности и мерки за младите. Тоа ќе треба да го испорачаат пратениците од оваа изборна единица, предводени од претседателот Зоран Заев и од Соња Миракоска, а на листата меѓу другите се и Миле Талевски од Прилеп, Даниела Колева и Костадин Костадинов. Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите, здрава животна средина и силна поддршка на туризмот. Таму честа да ја предводат листата на коалицијата „Можеме“ ја имаат потпретседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, координаторот на досегашната пратеничка група Јован Митрески, придружувани од квалитетни професори, поединци, интелектуалци од Битола, Охрид и целокупниот регион, како што е професорката Костадинова, Лазе Танески и Жаклина Лазаревска, Един Јакуповиќ“, додаде на прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните силно и најмногу ги потврдуваме и во 6-та изборна единица. Најразноликата изборна листа во токму оваа 6-та изборна единица е предводена од претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и од Фаница Николовска од СДСМ, заедно со Бејџан Илјаз, Фадил Зендели, Драгољуб Филиповски и многу други и Македонци, Албанци, Турци и останати. Ова почитувани е кадровската понуда на коалицијата „Можеме“ за овие предвремени парламентарни избори. Ова е најголемата, најразнолика и победничка коалиција со родово најизбалансираната понуда за сите избори од независноста па до денес, со целосна правична застапеност на сите етнички заедници во државата. Клучно околу 60 проценти од сите наши кандидати се жени. Ова е значаен исчекор во стандардите на политичкото делување во нашата земја. Со ваква кадровска понуда и со програмските решенија што ги нудиме носиме нов квалитет, нови вредности и нови стандарди во политичкиот плурализам во Северна Македонија. Затоа, оваа генерација, оваа коалиција е апсолутен фаворит на изборите и очекуваме тоа да се потврди со сигурност на изборниот ден, на 12 април. Ова најголема парламентарна коалиција досега ќе ја предводи новата Владата и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Концептот на економски раст и развој, на интеграција, на повеќе пари кај граѓаните продолжува во новиот мандат уште позасилено. Затоа што можеме. Можеме уште подобро, можеме уште повеќе“, потенцираше Николовски.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје