Во Германија дизелот, а во Бугарија бензинот има 7 проценти биокомпонента

Од:

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. Највисок процент на биодизел има во Франција и Германија, а на биоетанол во Финска и Бугарија.

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека во 2017 година на бензинските станици во двата најголеми пазара на дизел-горива во Европската Унија – Германија и Франција, дизелот содржел биокомпонента од 7 и 8 проценти соодветно.

Во 2017 година најмногу дизел-гориво во Европа е продадено во Германија – 45.802 милиона литри, а следна е Франција со 41.054 милиони литри.

Од регионот во соседна Бугарија на бензинските станици во 2017 година се точел само Е10 бензин, односно и безоловниот бензин 95 и 98 содржеле 10 проценти биокомпонента, додека само дизел Б7 се продавал со 7 проценти биоетанол.

Во 2017 година на бензинските станици во Грција биле продадени 3.067 милиони литри дизел-гориво. Сто проценти од продаденото дизел-гориво содржело 7 проценти биокомпонента.
Дизел-горивото на бензинските станици во Словенија содржело 7 проценти биодизел, додека бензинот содржел 5 проценти биокомпонента.

Најголем процент на биокомпонента во бензините има во Финска каде во 2017 година 67 проценти од бензинот бил Е10, односно содржел 10 проценти биокомпонента, додека останатите 33 проценти бил Е5 со 5 проценти биокомпонента. Дизел-горивото на пазарот во Финска е Б7 и содржел 7 проценти биодизел.

Во Австрија 94 проценти од продадениот бензин на бензинските станици бил Е5 и содржел 4,6 проценти биоетанол, додека сето дизел-гориво било Б7 и содржело 6,4 проценти биодизел.

Во Франција 60 проценти од бензинот на бензинските станици бил Е5 со 5 проценти биокомпонента, додека 38,3 процетни Е10 со 10 проценти биокомпонента. Околу 1,1 процент од бензинот бил Е85 – односно 85 етанол. Сиот дизел на бензинските станици во Франција бил Б7 со 8 проценти биодизел.

Во Германија 86 проценти од бензинот на бензинските станици бил Е5 со 5 проценти биокомпонента, додека 13,3 проценти бил Е10 со 10 проценти биокомпонента. Дизелот на сите бензински станици во Германија содржел 7 проценти биодизел.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата