Откриена врската меѓу дијабетесот и хормонот за спиење

Од:

 Американски експертски тим ја откри поврзаноста меѓу дијабетесот добиен на повозрасни години и намаленото ниво на хормонот за спиење – мелатонин, објави списанието на Американското медицинско здружение.

Истражувањето е спроведено на 370 жени заболени од дијабетес и исто толку жени во контролната група, кои не боледувале од дијабетес а биле иста раса и години како и жените од првата група.

Утврдено е дека болните од дијабетес во текот на ноќта произведуваат значително помалку мелатонин отколку испитаничките од контролната група.

Инаку, мелатонинот ноќно време го произведува мозокот, па неговото ниво во крвта тогаш е зголемено, што придонесува за регулирање на ритмот на „телесниот часовник“.

Американскиот тим утврди дека жените, кај кои секрецијата на мелатонин во текот на ноќта е ниска, се под двојно поголем ризик да заболат од дијабетес, отколку оние кај кои е висока.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска