Дел од кафулињата затворија во 18 часот, помал дел продолжија да работат

Од:

Затворени се поголемиот дел од кафулињата и рестораните во Скопје, согласно препораките на Владата и заострените мерки за превенција од коронавирусот кои денеска ги усвои Комисијата за заразни болести.

Сепак, можеа да се забележат и дел кафулиња и ресторани кои работеа и после 18 часот, а дел пак, на социјалните мрежи напишаа дека од утре ќе почнат да ги спроведуваат препораките.

На дел од граѓаните кои седеа во кафулињата и рестораните пред затворањето, им беше чудно кога вработените им соопштуваа дека треба да станат, бидејќи локалот затвора.

Околу 18.15 часот, поголемиот дел од кафулињата и рестораните во Дебар Маало, Аеродром и Кисела Вода веќе беа празни, а внатре седеа само вработените.

Забележливо е и дека низ скопските улици е намалена фреквенцијата на сообраќајот, но затоа аптеките работат со полна пареа. Најчесто се бараат гелови за дезинфекција на раце. Вработените во дел од маркетите, пак, на себе носат и заштитни ракавици бидејќи имаат постојан допир со пари.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски