Нема одложувања на судењата поради коронавирусот, Министерството за правда бара да се намали бројот на јавност во судниците

Од:

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

– Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство. Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Во судовите и јавното обвинителство, како што велат од Министерството за правда,  очекуваат да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривичен одлучи: Се одобрува обвинението за аферата „Онкологија“

Горан Наумовски

Јахоски бил во Истанбул со времен пасош, утрово се пријавил во Кривичен суд

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски

Кривичниот суд одреди домашен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи двајцата обвинети во аферата „Онкологија“,

Горан Наумовски

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

А1он

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор