Премиерот Оливер Спасовски денеска во 16 часот ќе одржи координација на економските ресори во Владата за анализа на ефектите од коронавирусот врз економијата и утврдување чекори и мерки за санирање на штетите.
Претходно, денеска лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива ќе имаат координација со премиерот Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.