Во воздушни напади врз позициите на проиранските сили на истокот од Сирија загинале 26 борци, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Меѓународната коалиција извела напад врз позициите на паравоените сили Хашд ал-Шаби во областа Букамал, во непосредна близина до ирачката граница.
Француските медиуми наведуваат дека нападот во Сирија следел по ракетниот напад врз воената база „ал-Таџи“ во Ирак, во кој погинаа двајца американски и еден британски војник.