СДСМ: Осудени насилници како Ќосето го поддржуваат Дурловски, листите им се одобрени од Груевски

Од:

„Осудени насилници и криминалци како Ангелов – Ќосето го поддржуваат Дурловски, се покажува – листите на ВМРО-ДПМНЕ се одобрени лично од Груевски. Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, кандидатската листа е истата груевистичка кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад. Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести. Кандидатите како Силјановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Дури и осудени насилници како Горан Ангелов Ќосето јавно застанаа зад Дурловски со кого најверојатно се блиски по насилствата што ги извршија на 27 април. Дурловски и самиот поддржува осудени насилници и криминалци криејќи се зад превезот на лажен патриотизам. Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ насилничка, режимска, криминална и измамничка! ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на насилството, криминал и режим и затоа со таква понуда ги чека сигурен пораз на 12 април“, се додава во соопштението.

„Граѓаните не сакаат и нема да дозволат враќање назад, не сакаат и нема да дозволат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина. Затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски