Словачка прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

Од:

Владата на Словачка прогласи вонредна состојба на територијата на цела земја, која стапува во сила од утре изутрина, изјави премиерот Петер Пелегрини.

– Целта на прогласувањето на вонредната состојба е да се создадат услови за преземање неопходни мерки за ограничување и намалување на ефектите од ширењето на коронавирусот, што е закана за јавното здравје во Републиката, се наведува во одлуката на Владата, која Пелегрини им ја соопшти на новинарите.

Документот, исто така се повикува на мерки, кои одделни државни органи и министерства треба да ги преземат за решавање на кризата во земјата.

Досега во Словачка се регистрирани десет случаи на заразени лица со новиот коронавирус. 

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина