Тачи го обвини Курти дека е лажго, страшливец, расколник, човек без достоинство, антиамериканец…

Од:

Kосовскиот претседател Хашим Тачи вечерва изрече низа навреди и обвиненија на сметка на премиерот Албин Курти, за кого вели дека ѝ нанесува штети на државата, со тоа што „се залага за растурање на историските сојузништва“ на Косово.

Повод за реакцијата на Тачи е упорното одбивање на Курти да ги исполни барањата на официјален Вашингтон за целосно и безусловно укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како услов за продолжување на преговорите меѓу Приштина и Белград и постигнување конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави.

Обвинувајќи го Курти за антиамериканство, Тачи во неговата објава на Фејсбук наведува дека таквиот став на актуелниот премиер и некогашен дисидент и опозиционер, потекнува уште од времето на косовско-српските преговори со меѓународно посредништво во францускиот замок Рамбује во 1998 година.

Односот против Америка, според косовскиот претседател, сегашниот премиер го искажуваше и во времето кога секој од последните четворица американски претседатели се залагаше за Косово.

– Овој став „против“, Курти го посеа уште во времето на Конференцијата во Рамбује. Беше против администрацијата на (Бил) Клинтон. И во Виена, против администрацијата на (Џорџ) Буш. И при демаркацијата со Црна Гора против администрацијата (Барак) Обама – (Џо) Бајден. И сега кога се нуди една можност за меѓусебно признавање (на Косово и Србија) од администрацијата на претседателот (Донлд) Трамп, Курти е повторно против, пишува Тачи.

„Единствената константа на Курти“, вели косовскиот претседател во објавата насловена „Препелкањата на Курти“, е неговото позиционирање против Америка, односно „на спротивната страна на историјата“.

– Исфрустриран, продолжува со лагите и измамите. Страшливец и ѓаволест, врши раскол во политиката и инстититуциите на Косово. Нема храброст ниту да ја укине таксата, ниту да воведе реципроцитет. Ја исмева и саботира државата, напиша, меѓу другото Тачи.

Ваквото однесување на Курти, вели Тачи, ги растура историските алијанси и е опасно по односите на Косово со САД.

– Народот на Косово има верба во Соединетите Американски Држави. Сојузништвото со САД е свето. Ние сите имаме должност да го браниме, порача Тачи.

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

О’Брајан: Го повикуваме Курти и неговата влада да прекинат со некоординираните акции

Горан Наумовски