Се откажуваат парадите за грчкиот национален празник

Од:

Откажување на сите паради што секоја година се одржуваат по повод националниот празник на Грција, 25 март, било одлучено на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министрите од владата со префектите на грчките периферии, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на состанокот беше оценета ситуацијата во секоја периферија и беше одлучено да не се одржат парадите на 25 март, а во чест на националниот празник, мала делегација од локалната самоуправа да положи венци, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

На 25 март, во Грција се одбележува годишнина од почетокот на востанието против Отоманската империја во 1821, централната манифестација е во Атина каде што се одржува воена парада, а во другите градови, но и во атинските населби се одржуваат паради на учениците.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица