На заразената директорка ќе и суди Судот на честа во Лекарската комора, а ќе добие и јавна опомена

Од:

Директорката на Клиниката за дерматологија ќе добие јавна опомена и за нејзиното однесување ќе биде поведена постапка пред Судот на честа при Лекарската комора. Одлуката за јавната опомена и постапката пред Судот на честа Лекараската комора ги усвои денес на вонредна седница откако вчера се изјаснија дека не можат да и ја одземат лиценцата.

„Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Република Северна Македонија, согласно законските прописи и подзаконските акти, донесоа одлука да се изрече јавна опомена на д -р Нина Цаца Билјановска и побараа да се поведе постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој како единствен независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на лекарите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија“, велат од Лекарсакат комора.

На вонредната седница Комората расправала за етичкиот аспект на однесувањето на директорката Нина Цаца Билјановска, која откако се вратила од Италија, спротивно на препораките, продолжила со извршување на работните задачи и цела недела одела на работа.

„Лекарската комора остро ја осудува постапката и однесувањето на д-р Нина Цаца Билјановска, поради тоа што со непочитување на препораките за домашна самоизолација, кои важат за сите граѓани кои доаѓаат од високо ризични земји за пренесување на корона вирусот, предизвикала морално-етичка и правна одговорност. Етичките принципи на хуманост и почитување на личноста и животот го обврзуваат докторот на медицина со своето однесување да води грижа, а не да им наштетува на своите колеги и пациенти, како и да биде спремен да преземе одговорност за своето постапување, не само спрема пациентите и колегите, туку и спрема заедницата во целина“, велат од Комората.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска