Тест за рано откривање рак на панкреас

Од:

Јапонски научници од Универзитетот во Кобе развија нов тест преку земање примероци крв наменет за рано откривање на рак на панкреас.

Шансите за петгодишно преживување на заболените од рак на панкреас се помали од пет проценти, а главната причина за тоа е фактот дека болеста се открива дури откако ќе се прошири.

Новиот тест се темели на откривање на нуспроизводи на метаболизмот што се наоѓаат во крвта.

Разликите во присутноста на 18 клучни метаболити можат да укажат на присутноста на рак на панкреас, појаснуваат научници во стручното списание „Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention“.

Раното откривање на болеста може значително да ги зголеми изгледите за успех на терапијата – според достапните податоци ракот на панкреас веќе метастазирал кај 80 отсто од пациентите на кои им е дијагностициран.

Ефикасноста на новиот тест е проверена со учество на 43 лица заболени од рак на панкреас.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска