Јапонската полиција уапси извршен директор на компанија за производство на медицинска опрема под сомнение дека на Кина илегално и продал уред, што може потенцијално да се користи за развој и производство на биолошко оружје.
Осомничениот во моментов е на распит и подоцна ќе биде официјално уапсен. Во тек е претрес на канцелариите на компанијата.
Полицијата соопшти дека ќе бидат уапсени уште две лица, без да информира за нивниот идентитет. Се сомнева дека тие луѓе во 2016 година на Кина и продале уред кој течноста ја претвора во прав. Таква опрема обично се користи во фармацевтската индустрија, но може да биде употребена и за создавање билошко оружје.