Жените секогаш беа први сведоци на Христосовото воскрснување и имаа посебна улога во ширењето на верата, изјави денес папата Франсис.
Папата од Аргетина, кој минатиот месец беше избран за папа, кој по 1.300 години не е од Европа, изјави дека жените секогаш имале специјална мисија во Црквата.
-Во Црквата и верата жените секогаш имаа и се уште имаат специјална улога во отворањето на вратата кон Господ – изјави папата пред илјадници верници кои што се собраа да го слушнат неговото обраќање на плоштадот Св. Петар.
Папа Франсис додаде дека во Библијата не е забележано присуството на жената на воскресението, поради тоа што тогашниот еврејски закон не ги сметал жените и децата за соодветни сведоци.
-Во Евангелието, сепак жените имаат примарна, суштинска улога. Евангелистите само го пренесуваат она на што биле сведоци. Тоа ни покажува дека Господ не избира на основа на човековите критериуми- кажа тој.
Елена Георгиевска