Димовски, Рангелова, Ѓорчев, Вељаноски отпаднаа од игра за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со комплетно нов состав оди ВМРО-ДПМНЕ на листите за пратеници во шесте изборни единици кои вечерва беа презентирани пред јавноста.

Во партијата, според нашите извори, има големи реакции бидејќи луѓе кои наводно се покажале како верни и лојални на партијата, не биле ставени на листите. Наместо тоа, Мицкоски одел на друга варијанта, односно на листите ги задржал само оние со „порадикални“ ставови.

На пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ има само седум пратеници од стариот пратенички состав – Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Благица Ласоска, Ане Лашкоска, Дафина Стојановска, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски.

Изостануваат Васил Пишев, Владимир Ѓорчев, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Емил Димитриев, Илија Димовски, Крсто Јовановски, Трајко Вељаноски и многу други кои долго време важеа за едни од столбовите на партијата.

Според наши извори, на некои од нив им било понудено да бидат ставени на пратеничките листи, но тие одбиле да бидат во ваков состав.

„Над 95 проценти се луѓе кои што за прв пат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина. Сакам да им се заблагодарам на досегашните пратеници и воедно ќе посочам дека влеговме во битка каде секој човек е важен. Што се однесува до носителите на листи, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со две надпартиски решенија. Во првата изборна единица ќе настапиме со професорката, Гордана Силјановска Давкова, а во 5-тата изборна единица со врвниот уметник, Игор Дурловски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак најголемото изненадување за јавноста беше Сафет Бишевац кој се најде на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Бишевац е поранешен новинар од А1 телевизија, а потоа  пратеник во Собранието предложен од страна на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти