Решение за оние со низок крвен притисок

Од:

Лицата кои постојано се чувствуваат заморено, бледи се, а притисокот најчесто им е под 100/60, веројатно страдаат од хронично низок крвен притисок – хипотензија.

Симптомите на хипотензија се различни и не се јавуваат во исто време, а најкарактеристични се премаленост, лошо памтење, апатија, чувство на општа слабост. Лицата со низок крвен притисок најчесто брзо се задишуваат, честопати имаат впечаток дека немаат воздух, зеваат, имаат замаглен вид, вртоглавица и чувство дека ќе се онесвестат.

Хипотензичарите наутро се чувствуваат ненаспани, а се расонуваат дури два часа по будењето. Во текот на денот овие лица повторно „клапнуваат“, за навечер повторно да бидат во топ форма. Лицата кои имаат низок притисок, најчесто не сакаат да чекаат во ред, избегнуваат јавен транспорт, а расположението и енергијата им зависи од годишното време.

Изберете продукти со низок гликемиски индекс. Разновидните продукти би требало да ви обезбедат доволен внес на минерали и витамини потребни за зачувување на функциите на крвните садови и за снабдување на ткивата со кислород.

Поволно дејство имаат зачинот рузмарин, бадемите, ѓумбирот, сувото грозје, а спротивен ефект може да имаат лукот, магдоносот, жалфијата, ренот, па затоа избегнувајте го нивното консумирање.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска