Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник – поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез го прифатија предизвикот новиот Тик-ток предизвик со менување на облеката на песната „Nonstop“ од Дрејк. Видеото стана инстант-хит којшто вирално се распространува на интернет.
Late night tik toks @JLo ? #WaitForIt
.
Follow me at arod13! https://t.co/YsJyDBC8IB pic.twitter.com/40U6O5G5hp— Alex Rodriguez (@AROD) March 9, 2020
Имено, снимката почнува со заводлив танц на Џеј Ло во припиен бел фустан, пред огледало, додека момчето ја снима. Алекс е во костум и со „фенси“ очила за сонце.
Во наредните неколку секунди, тие си ги заменија улогите а и облеката… Одеднаш тој е во бел фустан, а таа во машко одело и го снима.