А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиевски на средба со стопанствениците од индустријата за производство на мебел

by А1он03/04/2013 - 15:20105
Share0

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски, денеска оствaри средба со стопанствениците од индустријата за производство на мебел и вети инфраструктурно уредување на постоечките индустриски зони во градот, изградени со средства на самите стопанственици.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ѓорѓиевски напомена дека значајно место во програмата имаат и малите и средни претпријатија кои се брендови за самата општина, во државата, но и пошироко.

– Како локална самоуправа видно ќе ги одбележиме самите зони и самите претпријатија за полесна комуникација со нивните партнери, vети Ѓорѓиевски.

За населбата Долно Којнаре предвидена e и изградба на фекална канализациона мрежа која треба да биде споена со централната,средување на речното корито,подобрување на водоводната мрежа.
Поддршка на кандидатот за градоначалник од колацијата „За подобра Македонија“, даде и коалициониот партнер Обединети Демокртски сили на Ромите.

– Сметаме дека сите Роми во општина Куманово ќе дадат поддршка на канидатот Зоран Ѓорѓиевски,бидејќи бараме промена на целокупната живот на ромската заедница и целосна интеграција на заедницата во општественото живеење, рече на прес-конференција Шабан Салиу, претседател на Обединети Демократски сили на Ромите.

Министерот Неждет Мустафа на прес-конференцијата потенцира дека Ромите во Куманово ќе гласаат за Зоран Ѓорѓиевски бидејќи содржините од Декадата на Ромите ќе бидат успешно имплементирани како и досега, како што е продолжувањето на финасирањето на Ромите средношколци, продолжување на подобрување на инфраструктурното уредување во деловите каде што живее ромското население…

Следете a1on на Youtube YouTube
izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он07/09/2026 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео