Михаел Рот во четврток во Холандија ќе разговара за проширувањето

Од:

Во четврток, на 12 март, германскиот државен секретар за европски работи Михаел Рот ќе учествува на дебатата во Комитетот за европски работи на холандскиот Парламент. Комитетот најави дека на оваа дебата ќе се зборува, помеѓу другите актуелни европски теми, за проширувањето кон Западниот Балкан, јави дописничката на МИА.

Комитетот за европски прашања на Холандија на крајот на февруари ја разгледуваше новата методологија на Европската комисија за проширувањето кон Северна Македонија и Албанија.

Ова тело ќе ги разгледува мини извештаите на Европската комисија за нашата земја и Албанија на 17 март.

Извори на МИА велат дека се очекува овој Комитет да има дебата на тема проширување и со француската министерка за европски прашања Амели де Моншален.

Холандија застана зад Франција во октомври минатата година кога беше блокирана одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

За да може холандската Влада да го даде своето зелено светло за преговорите на 26 март на самитот на ЕУ во Брисел, таа треба да го следи ставот на холандскиот парламент. Минатата година холандскиот Парламент ги одобри преговорите со Северна Македонија, но се спротивстави на преговорите со Албанија.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ