Кочоски вети воведување на турскиот јазик како трет службен во општина Струга

Од:

Октиси има огромен потенцијал за развој кој на граѓаните може да им обезбеди пристоен и достоинствен живот, рече при денешната посета кандидатот за градоначалник на општина Струга од коалицијата „Заедно за Струга“, доктор Владимир Кочоски.

Тој на жителите на Октиси им вети дека во најкус можен рок ќе го реконструира патниот правец што го поврзува селото со Долна Белица, а ќе изгради и канализациска мрежа.

– Во мојата програма меѓу другото за Октиси е планирано и ќе се спроведе реконструкција на патниот правец Октиси – Долна Белица, кој со години е најгорливиот проблем на октишани и тоа во првиот месец откако ќе станам градоначалник. Во мојот мандат ќе почне изградба на фекална канализација и канализациска мрежа. Со јавно-приватно партнерство ќе се изгради покриен пазар. Ќе биде изградено и мултинаменско спортско игралиште за младите да можат да спортуваат и правилно да се развиваат, најави Кочоски.

Кандидатот за градоначалник истакна дека интеграцијата на сите етникуми кои живеат во Струга ќе биде негов прв и најважен приоритет со што и турскиот јазик ќе стане трет службен јазик во општината.

– Во првиот месец од мојот мандат ќе предложам турскиот јазик да го воведеме како трет службен во општина Струга затоа што тоа го заслужува и тоа му треба на нашиот град, додаде Кочоски.

На средбата со жителите на Октиси тој уште еднаш потсети дека мултиетничноста на општина Струга мора да се искористи како позитивна карктеристика во функција на напредокот и развојот на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“