ММФ обезбеди една милијарда евра економска помош за Кипар

Од:

Меѓународниот монетарен фонд објави денеска дека ќе обезбеди една милијарда евра за економска помош за Кипар. Одлуката е донесена ден откако меѓународните партнери на Кипар – ЕК, ЕЦБ и ММФ, се договорија за условите за пакетот за спас од 10 милијарди евра, јави ДПА.

Шефот на ММФ, Кристин Лагард изјави дека извршниот совет на Фондот веројатно ќе го одобри договорот во мај.

– Кипарските власри претставија амбициозна, неколкугодишна програма за реформи за да се справат со економските предизвици со кои се соочени, изјави таа.

Новиот министер за финансии на Кипар Харис Јоргиадис денеска ја презема функцијата од Михалис Сарис кој вчера поднесе оставка за да ја олесни работата на комисијата за истрага која ќе бара виновници за повлекувањето пари од банките додека тие беа затворени.

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка