10-годишно девојче се удави во река во селото Бањица

Од:

Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица. Станува збор за десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски,кој информира за МИА.

Тој додаде дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес. Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.

За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување, потврди градоначалникот Горан Стојановски.

Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.

-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството,напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва